fbpx

Оланд одлучи: „Мистрал“ останува да чека

-

Францускиот претседател Франсоа Оланд одлучи на неопределено да ја одложи испораката на воениот брод „мистрал“ на Русија.

Во соопштението од кабинетот на Оланд стои дека претседателот смета дека „сегашната ситуација на истокот на Украина уште не дозволува испорака на првиот воен брод на Русија.

„Тој одлучи на неодредено да ја одложи одлуката за одобрување на дозволата за извоз, која е неопходна за бродот да биде испорачан“, стои во соопштението.

Русија засега нема да презема чекори против Франција поради одложувањето на испораката на воениот брод „мистрал“, но очекува договорот да биде испочитуван, соопшти заменик-министерот за одбрана на Русија, Јури Борисов.

Русија повеќепати го предупредуваше Париз на сериозните последици доколку Франција не го испорача првиот од двата носачи на хеликоптери „мистрал“ до крајот на ноември. Првите два носачи требаше да бидат испорачани на почетокот од месецов, во согласност со потпишаниот договорот од 2011 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...