СДСМ: Денешното убиство е доказ на нефункционирањето на институциите

Денешното тројно убиство, овојпат извршено од  професионален војник на АРМ, е нов доказ за целосно нефункционирање на институциите на системот во Македонија, обвинува СДСМ.

Опозицијата прашува дали  Министерството за одбрана и Генерал-штабот имаат информации дека професионалниот војник имал семејни проблеми подолг временски период?

– Сето ова упатува на сериозни институционални пропусти. Длабоко сочувствуваме со семејствата на жртвите и бараме одговорност за трагичниот настан во којшто се одземени три човечки животи. За еден месец ова е второ тројно убиство, по грозоморното убиство во Кавадарци. Колапосот на системот во државава резултира со непоправливи трагични последици – обвинуваат од СДСМ.