This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Tue Jun 19 8:27:53 2018 / +0000 GMT

Свилановиќ: ЕУ и НАТО треба да бидат решителни како што беа Заев и Ципрас




Генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка, Горан Свилановиќ изрази надеж дека ЕУ и НАТО ќе бидат подеднакво решителни како што беа решителни премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас.

„Овој историски договор дава нов ветар во грб не само на меѓусебната соработка туку и на натамошниот економски развој и процесот на европската интеграција на регионот. Искрено се надевам дека овој храбар чин на лидерство ќе биде дочекан со иста доза на решителност од страна на нивните партнери во Европската унија и НАТО“, изјави Свилановиќ.

Честитајќи им на Заев и на Ципрас, Свилановиќ оцени дека „договорот претставува вистинско охрабрување за целиот регион на Југоисточна Европа, а посебно за Западен Балкан, бидејќи покажува дека и најтешките прашања може да се решат ако за тоа постои решителност и визија за подобра иднина.“

Post date: 2018-06-13 09:34:26
Post date GMT: 2018-06-13 07:34:26
Post modified date: 2018-06-13 09:34:26
Post modified date GMT: 2018-06-13 07:34:26

Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. MS Word saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com