Судот го прифати обвинението за „Тифани“, на Талевска ќе и се суди за даночно затајување


       
Скопје, 11 јануари, 2018 - 14:48 (META) 

Кривичниот одлучи да го одобри обвинението на Специјалното јавно обвинителство за предметот „Тифани“, во кој, новинарката Ивона Талевска е обвинета за даночно затајување.

„Судија за оценка на обвинител акт при Основниот суд Скопје 1 – Скопје донесе решение со кое приговорите се одбиваат, а обвинението се одобрува во целост. Откако, по одобреното обвинение, ќе биде оформен кривичен предмет, распределен кај судија за понатамошно постапување и насрочена главна расправа, судот дополнително ќе ја информира јавноста“, соопшти Кривичниот суд.

Талевска е осомничена дека, за периодот од 2008 до 2014, со намера таа и правните лица да одбегнат плаќање даноци давала лажни податоци за фактите кои се однесуваат за пресметување данок.

Таа за наводните потреби на фирмите, купила долна облека од 500 евра, облека во износ од 33.508 евра, очила, шминки, луксузен мебел, сигурносни врати, велосипеди и слично. Фирмите на осомничената одбегнале да платат даночни обврски во износ од 37.634 евра, а осомничената одбегнала да плати даночни обврски во износ од 16.924 евра.