fbpx

Субвенционирани авиолетови од Охрид до лондонскиот аеродром „Лутон“

-

Советот на Оопштина Охрид на денешната седница ја усвои одлуката за субвенционирање евтини авиолетови од аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид. Средствата се лимитирани на 36 милиони денари и ќе се исплаќаат директно од буџетот на Општина Охрид, на четири рати, и тоа во 2015 година ќе бидат исплатени шест милиони денари , во 2016 и во 2017 – 12 милиони и во 2018 година – уште шест милиони денари.

На почетокот ќе се субвенционираат само сезонските летови, а веќе од 2016 година ќе се субвенционираат и редовни авиолинии кои ќе бидат финансиски поддржани од Општина Охрид. Авионските летови ќе сообраќаат меѓу Охрид и лондонскиот аеродром „Лутон“.

– По ова следува изработка на квалитетна тендерска документација и претпоставувам дека овајпат ќе се јават заинтересирани страни, односно авиокомпании што ќе ги прифатат условите за финансиска поддршка за воспоставување прво на сезонски, а потоа и на редовни летови до и од охридскиот аеродром. Ова претставува стремеж на сите туристички работници, меѓутоа и на граѓаните на Охрид и на Република Македонија за воспоставување врска кон и од охридскиот аеродром – рече пред советниците градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

Бакрачески вели дека и Министерството за транспорт и врски ќе се вклучи со субвенционирање авиолетови по теркот како што го правеа досега за скопскиот аеродром.

– Првпат оваа година, по нашето лобирање пред државните органи, покрај субвенционирање летови за скопскиот аеродром, ќе бидат субвенционирани и летови кон охридскиот аеродром. Се работи за субвенционирање летови помеѓу Базел и Охрид, што, во принцип, значи развојна стратегија на туризмот во Охрид. Во 2015 година ќе имаме најмалку две линии кон и од охридскиот аеродром – додава Бакрачески.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...