fbpx

„Студентски пленум“: Да не дозволиме да продолжи монологот на Владата

-

Студентите од неформалната студентска организација „Студентски пленум“ повикуваат протестот, кој во 14 часот ќе почне пред Владата на Република Македонија, да биде мирен, без инциденти и без партиски и национални обележја. Револтирани, бидејќи законот беше усвоен на владината сединица без да бидат повикани на јавна дебата, ги повикуваат сите граѓани да ги поддржат и да им се придружат на масовен протест.

– Изгледа дека она што Владата го подразбира под јавна расправа е консензуален разговор на министрите и на премиерот пред камери. И покрај сите такви јавни квазидебати, свесно прекршување на законите како и целосното игнорирање на „Студентски пленум“, како и на самите универзитети, ние не се откажуваме. Драги граѓани, студенти, професори, родители, средношколци и пензионери, да не дозволиме овој монолог на Владата да продолжи. Студенти, да си го освоиме образованието назад. Ова е моментот кога треба да искажеме револт не само против лошите реформи, туку и затоа што сопствената држава без срам нè игнорира, дрско ни се потсмева и невешто нè заокружува. Да покажеме дека гласот на студентите не познава политички и национални бариери, да докажеме дека ние, студентите, колку посилно нè притискаат, толку посилни стануваме. Затоа утре сите на протест, помасовно и покреативно затоа што заедно сме посилни – вели Горан Таневски од „Студентски пленум“.

Тој додаде дека сè уште немаат добиено одговор дали е прифатено барањето на професорите и на „Студентски пленум“ до Собраниската комисија за образование, наука и спорт и до претседателот на Собранието, во кое бараат дозвола претставници од академската заедница и претставници на „Студентски пленум“ да присуствуваат на седницата на Комисијата. Од „Стуедентски пленум“ велат дека со задоволство ќе испратат свои претставници.

И по протестот студентите ќе продолжат да го искажуваат своето незадоволство и се надеваат дека масовноста ќе ги омекне ставовите на Владата.

– Ние ќе продолжиме во континуитет да го искажуваме нашето незадоволство по повод измените во законот за високо образование. Очекуваме со секој наш нареден потег Владата да ги омекне своите ставови и да ги прифати нашите барања – рече Таневски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...