Двајца скопјани, кои се барале со судски налог за издржување затворски казни, во вторникот биле уапсени од екипи на скопската полиција, информираат од МВР.
Станува збор за Исмаил Б. (41), кого судот го барал за издржување затворска казна од шест години за недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи и за разбојништво.
Во другиот случај, полицијата го уапсила Рамадан Н. (48), кој ја избегнувал казната од девет месеци затвор, на која бил осуден заради фалсификување исправа.
По апсењето, двајцата се спроведени во затворот „Идризово“.