fbpx

Странци по договор ќе можат да служат во руската војска

-

Рускиот претседател Владимир Путин потпишал декрет со кој на странски државјани им се овозможува да слушат во руската војска по договор.

„Војниците кои се странски државјани можат да учествуваат во извршувањето задачи во тек на воени состојби, како и за време на вооружени судири, во соодветство со прифатените принципи и норми на меѓународното право, меѓународните договори на Руската федерација и со руското законодавство“, стои во декретот, пренесуваат руските медиуми.

Исклучок од правилата се случаите кога странскиот државјанин е под истрага или му се суди, има кривично досие или издржувал затворска казна, поради што не може да служи во руската војска, пренесува „Раша тудеј“.

Како што наведува „Раша тудеј“ на веб-страницата на претседателот Путин, документот не е ставен во содржините, но е објавен на страницата за информации кои се однесуваат на државните закони. Нацртот на законот бил завршен пред Нова година, а 154.000 регрути ѝ се придружиле на руската војска.

Од другите држави во кои постојат слични закони, се издвојува француската Легија на странци, која постои од 1831 година и им нуди на странските доброволци да служат во француската војска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...