fbpx

Србија формира уште еден камп за бегалци кај Прешево

-

Српскиот министер за одбрана Братислав Гашиќ денеска во Прешево изјави дека поради кризата на грчко-македонската граница во изминатите денови, на полето во прешевското село Миратовац е формиран уште еден голам камп за прифаќање бегалци од Блискио Исток кои од Македонија доаѓаат во Србија.

Гашиќ за време на посетата на кампот во селото Миратовац изјави дека во моментов во Прифатниот центар во Прешево има околу 5.000 бегалци. Тој додаде дека огромен број мигранти влегле во Србија во изминатите 24 часа и оти сличен интензитет се очекува и во следните ден или два.

Бегалците во Србија мораат да извадат потврда за намера да побараат азил во Србија. Потврдата им дава право на легален престој во земјата во следните 72 часа, после кои мораат или да побараат азил или да ја напуштат територијата на Србија.

Кампот го обезбедува полицијата и припадниците на Жандармеријата со борбени возила.
.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 44 случаи на пертусис, вкупната бројка на заболени достигна 597

Во последната недела пријавени се 44 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 3 пати споредено со претходниот седмодневен период, информира Институтот за јавно здравје во последниот извештај...