fbpx

Собраниската комисија денеска ќе ја чека Јанева за извештајот

-

Собраниската комисија за политички системи денеска во 11 часот треба да ја продолжи седницата за разгледување на извештајот за шестмесечната работа на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.

Претседалот на комисијата, Владимир Ѓорчев, вчера ја одложи седницата поради, како што рече, неприсуството на Јанева, кое го оцени како непочитување на Собранието, Уставот и на законите.

– Нејзиното недоаѓање е целосно непочитување кон институциите и на Собранието како законодавен дом. Ова е непочитување на Уставот. Јанева се стави над Уставот и над Собранието, пред кое еднаш годишно извештај поднесува претседателот на државата и еднаш месечно на пратенички прашања одговара претседателот на Владата – рече Ѓорчев, кој ја повика Јанева да дојде денеска.

Рената Тренеска-Дескоска од СДСМ рече дека вчерашниот театар е само уште една потврда за стравот на ВМРО-ДПМНЕ и на нејзиниот претседател Никола Груевски да се соочат со криминалот.

– Од моментот на формирањето на Специјалното јавно обвинителство, ВМРО-ДПМНЕ прави сè да ја опструира и да ја оневозможи работата на ова обвинителство. Очигледно дека најавата за првите обвиненија во извештајот на СЈО создава паника кај ВМРО-ДПМНЕ, а денешното поведение на претседателот на комисијата, Владимир Ѓорчев, е потврда за тоа – рече Дескоска.

Специјалната обвинителка, Катица Јанева, денеска е поканета да учествува и да говори на конференцијата на тема „Ефективна борба против корупцијата на високо ниво: прашање на личност или на систем?“, која денеска се одржува во хотелот „Холидеј ин“, со почеток во 10.30 часот.

На конференцијата гостинка и учесник ќе биде романската главна обвинителка во Националниот директорат за антикорупција (ДНА), Лаура Кодрута Ковеси.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...