fbpx

Собранието го усвои Законот за високо образование

-

По неколкучасовна расправа, пратениците во Собранието  со 67 гласа „за“ и со девет „против“, ги усвоија промените во Законот за високо образование, со кои се предвидува воведување државен испит и се менуваат критериумите за избор во звања.

Министерот за образование, Абдилаќим Адеми, рече дека Владата го прифаќа амандманот со кој се предвидува спроведување на пилот-државен испит.

Пратеникот Павле Трајанов од Демекратски сојуз кажа дека во целата постапка недостигала сеопфатна и темелна анализа, како и експертска расправа. Исто така, рече дека, според него, решенијата за поквалитетно образование требало да бидат предложени од универзитетите. Трајанов смета  дека сите се одговорни кога се носат вакви закони, без оглед кој ќе гласа „за“, а кој „против“ или, пак, воопшто нема да гласа, мислејќи на опозицијата која го бојкотира работењето на Собранието.

На усвојувањето на промените реагираше „Студентски пленум“, а реакции веднаш се појавија и на социјалните мрежи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...