fbpx

СЈО „на работна средба на повисоко ниво“ со претставници на „Македонски телеком“

-

Обвинители на Специјалното јавно обвинителство денеска одржале „работна средба на повисоко ниво“ со претставници на „Македонски телеком“, во врска барањето за СЈО за претрес на компјутерските системи, а во рамките на истрагата за масовното прислушување.

„Во просториите на „Македонски телеком“ денеска е одржана работна средба на повисоко ниво со преставници на оваа компанија, за да се најде решение за предметите од интерес на ова јавно обвинителство. Очекуваме воспоставената соработка да продолжи и во претстојниот период“, стои во соопштението на СЈО.

Кривичниот суд во Скопје досега четирипати ги одби барањата на СЈО да биде издаден налог за претрес на системите во „Македонски телеком“. Поради ова, Специјалното јавно обвинителство, како што пренесоа дел од медиумите, бара начин преку претставници на компанијата, да му биде дозволен увид во системите.

Инаку, СЈО бара претрес во „Македонските телеком“ за потребите на случајот „Таргет“, чија цел е да утврди кој го вршел незаконското следење на комуникациите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...