fbpx

Шилегов: Тринаесетта плата за секое семејство

-

„Со двајца вработени по семејство, со намалување на невработеноста, со продуктивни работни места, не со фиктивни како што ни се нудат досега, ќе успееме да внесеме среќа во секое наше семејство за да ги зачуваме младите и да обезбедиме живот во нашата држава онаков каков што заслужува секој наш граѓанин поединечно“, изјави носителот на кандидатската листа на СДСМ во изборната единица 6, Петре Шилегов, на средбата со граѓаните од Тетово.

Тој додаде дека СДСМ има намера да го направи животот на граѓаните поевтин, поедноставен, преку укинување на такси кои нема потреба да се плаќаат, како што е радиодифузната такса.

– Со секоја платена сметка, како и на сите други производи, ќе овозможиме на граѓаните поврат на паричните средства во висина од 15 проценти од платениот данок на додадена вредност, на тој начин што ќе се овозможи секој еден граѓанин на крајот на секоја година да добива 13. плата – изјави Шилегов и додаде дека мерките кои ги креираат ќе придонесат просечната плата да изнесува 500 евра по вработен.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...