fbpx

Шилегов: Судии под контрола на власта се префрлаат по директиви од Неготино во Скопје

-

Основниот суд Неготино е блокиран и не може нормално да работи бидејќи судии под контрола на власта во заминување се префрлаат по директиви во судовите во Скопје, обвини денеска на прес-конференција портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Тој се повика на документ, со кој, како што наведе, Основниот суд Неготино го информира Апелацискиот суд во Скопје дека состојбата во кривичниот оддел е алармантна.

– Причина за ваквото барање на Основниот суд во Неготино е тоа што во судот има само двајца судии и претседател, наместо законски утврдениот број од четири судии и претседател. Значи, во судот во Неготино нема доволен број судии за да одлучуваат по предмети за кривични дела. Судот во Неготино поради тоа бил принуден да побара Апелацискиот суд да определи друг надлежен суд за да не застарат кривичните предмети – рече Шилегов.

Една од судијките, нагласи Шилегов, која се посочува дека е префрлена од Основниот суд во Неготино во Скопје е судијката Александра Поп-Стефанија.

– Таа во Скопје прво е донесена во судот за прекршоци, а потоа беше префрлена во одделот за организиран криминал во Кривичниот суд во Скопје. За потсетување, Поп-Стефанија беше назначена за судијка во одделот за организиран криминал од страна на претседателот на судот, Владимир Панчевски, спротивно на Законот за судовите, одлуката на Судскиот совет и на правилникот за работа на судот. Токму оваа судијка е една од најекспонираните во кочењето на работата на Специјалното јавно обвинителство – истакна Шилегов, додавајќи дека „ова е само една од причините зошто на Македонија ѝ е итно потребна нова и одговорна влада на граѓаните, која ќе обезбеди итни реформи во судството“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
Горан Стефановски фото: Општина центар

УКИМ ќе основа Фондација „Горан Стефановски“

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) соопшти дека денеска донел одлука за основање на Фондација „Горан Стефановски“. Одлуката ја донел Сенатот на УКИМ, во очи роденденот на...