fbpx

Шчербак: За националните интереси погубно е кога солидарноста се става над здравиот разум

-

Рускиот амбасадор во Македонија, Олег Шчербак денеска изјави дека секоја држава има сопствен избор за градење на националната безбедност, без разлика дали тоа е со членство во НАТО или воена неутралност.  Според него, секоја земја треба самостојно со референдум и почитување на волјата на мнозинството да одлучи за членство во сојузи.

– Постојат успешни воено неутрални држави во Европа и таквиот пристап на решавање на националната безбедност е рационален – изјави Шчербак на Факултетот за безбедност, каде денеска одржа предавање „Системите на колективна безбедност: историски и актуелни погледи од призма на Руската федерација”.

Рускиот амбасадор наведе дека ефикасната безбедност во 21. век може да биде изградена само врз основа на колективна безбедност и со заеднички напори на сите и мали и големи земји.

– Воено-неутралниот статус на Македонија може да ѝ даде многу и во таков случај таа ќе биде отворена за сите и ќе може да ги оствари економските и социјални интереси на граѓаните, без да биде под товарот на европската солидарност. Добро знаете дека кога солидарноста се става над здравиот разум, тоа е погубно за националните интереси – изјави Шчербак.

Амбасадорот вели дека НАТО претставува воено-политички блок создаден од САД со една цел да се спротивстави на Варшавскиот пакт, но иако тој веќе 30 години не постои, НАТО сè уште се шири кон исток. Според Шчербак,  постои пропаганда со која Русија се претставува како агресор и дека земјите од Балканот се принудуваат да направат вештачки избор меѓу Истокот и Западот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...