Димитров пред ПССЕ: Ако не можеш да јаваш на два коња, што бараш во циркусот

-

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров за време на својот говор во Парламентарното Собрание на Советот на Европа соопшти кои реформи ги презела Владата во борба против корупцијата, независно судство и слобода на медиумите. Европратениците најмногу му поставуваа прашања за проблемот со името.

-Никогаш не сме имале преговори на ова ниво каде што директно разговараат министрите за надворешни работи на двете земји. Мислам дека имаме прозорец на можности, не ги знам идните чекори, но мораме да продолжиме, да дадеме се од себе, што помалку домашна политика и повеќе стратегии, толку повеќе и шанси да ги решиме проблемите. Има слој на предрасуди и енигми, но никој не рече дека ќе биде лесно. Останува на нас да ги превртиме сите камења за да ја најдеме шансата – рече Димитров.

За очекувањата од самитот во Софија, наспроти изјавите на дел од членките во ЕУ дека се против проширување, Димитров рече дека не мисли оти тие две работи се судираат.

-Знаеме дека не сме во ситуација никој од земјите во регион да се придружи на ЕУ утре, свесни сме дека тоа е можно најрано во 2025. За нас во оваа ситуација е важен е процесот на пристапување и тоа е најважна алатка која ја имаме. Консолидацијата на Европа не може да го исклучи Балканот, тоа го покажа и бегалската криза. Сакам да го завршам говорот со цитат: „Ако не можеш да јаваш два коња во исто време, тогаш што правиш во циркусот“, тука ќе застанам – порача тој.

Запрашан од грчка европратеничка како е возможно Македонија да дојде до решение на спорот иако има намера да го задржи уставното име, Димитров одби конкретно да одговори велејќи дека преговорите не треба да се водат пред очи на јавноста.

– Жонглираме меѓу две интереси, сакаме да го штитиме процесот, но и да ја информираме јавноста. Постои опасност ставовите да станат национални позиции што оневозможува продолжување на преговорите. Сите ги знаеме позициите на двете страни. Мора креативно да видиме дали може да ги поместиме елементите за да се покрие најважното за Атина и за Скопје. За да се стори тоа мора повеќе да се разговара, а по договорот да и се елаборира се на јавноста – посочи тој.

Официјално е постигнат прекин на огнот меѓу Хамас и Израел

Официјално по едни од најстрашните 15 месеци поминати во војна, Израел и Хамас постигнаa договор за прекин на огнот во Газа, кој ќе доведе до постепено ослободување на заложници и палестински...

Лажна е фотографијата со холивудскиот знак во пламен

Организацијата која го одржува знакот и управува со своите веб-камери, објави на Инстаграм дека фотографиите на споменикот во пламен се лажни Анализираме објава на Фејсбук која споделува фотографија од знакот Холивуд во Лос Анџелес како гори...

Претседателот на УПОЗ ги отфрла обвинувањата од владата за политизација на протестите

Синдикатот на УПОЗ ги отфрла обвинувањата од владата за политизација на протестите, истакна претседателот Трпе Деаноски на денешниот протест пред Министерството за култура. „Секој обид на Владата или политичките партии да докажат...

Ова видео од пожарите во Лос Анџелес е креирано со вештачка интелигенција

Видеото не се појавува во ниту една снимка од кредибилни новински агенции или светски медиуми, коишто широко известуваат за пожарите во Лос Анџелес. Проверувачите на факти на Њуз Метер пишуваат дека...

Официјално е постигнат прекин на огнот меѓу Хамас и Израел

Официјално по едни од најстрашните 15 месеци поминати во војна, Израел и Хамас постигнаa договор за прекин на огнот во Газа, кој ќе доведе до постепено ослободување на заложници...