fbpx

СДСМ ја уништи локалната самоуправа во Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ

-

СДСМ е добро позната како партијата која со своите одлуки ја уништи локалната самоуправа во Македонија, а пред сè во Скопје, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ за отчетот на градоначалникот Коце Трајановски.
„Поразениот СДСМ е партијата која со серија штетни одлуки го упропасти Град Скопје, одземајќи ги сите средства и ингеренции од неговите раце. СДСМ ги приватизираше АД „Топлификација“, гробиштата во Скопје, зелените пазари во Скопје, градските аптеки. Поразениот СДСМ нема кредибилитет да говори за состојбите во Скопје, кога сите јавни претпријатија ги доведе до просјачки стап, со десетици милиони евра долг, блокирани сметки и механизација стара повеќе од 30 години. Поразениот СДСМ е заслужен и за пропаѓањето на ЈСП „Скопје“, кое имаше возен парк на автобуси стари по минимум 25 години. А денес ќе зборува за квалитетот на воздухот, кој во нивно време не го ни мереа“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ, како што стои во соопштението, додека биле на власт, не заковале ниту една шајка во градот.

„Денес Коце Трајановски даде отчет за реализирани капитални проекти, за нови булевари, реконструирани улици, нови атмосферски и фекални канализации, за изградени нови велосипедски патеки, за изградени нови водоводи, за капитални инфраструктурни проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните на Скопје или, со еден збор, проекти кои се незамисливи за СДСМ. Поразениот СДСМ ќе остане запаметен по криминална приватизација на јавните претпријатија и на градските ресурси, недостиг од какви било проекти и по сомнителни тендери“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...