fbpx

САД: Во сојузната држава Џорџија извршена првата смртна казна врз жена по 70 години

-

Судските власти во американската сојузна држава Џорџија вчера ја извршиле смртната казна врз 47-годишната Кели Гисенднер и покрај бројните апели од разни здруженија во САД кои се против овој вид казни, јавуваат светските медиуми.

Кели Гисенднер е првата жена во сојузната држава Џорџија врз која е извршена смртна казна во последните 70 години.

Нејзините адвокати, како што пренесуваат медиумите, поднеле три жалби до Врховниот суд на САД во обид да ја одложат казната неколку часа пред егзекуцијата, но тие биле одбиени. Не помогнале ниту обидите на папата Франциск, кој деновиве беше на посета во САД, преку апели да ги премисли судските власти и да ја блокира егзекуцијата.

Кели Гисенднер е осудена бидејќи со љубовникот го планирала убиството на нејзиниот сопруг, во 1997 година. Љубовникот, кој го извршил убиството, бил казнет на доживотен затвор, по предходна спогодба со правосудните органи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...