fbpx

Протест пред Општина Тетово поради нерешениот проблем со дивата депонија

-

Тетовци попладнево со блокирање на улицата пред општинската зграда и со истурање смет пред влезот на локалната самоуправа, го искажаа незадоволството од игнорантскиот однос на локалната самоуправа кон решавањето на проблемот со дивата депонија. Велат дека општинските власти немаат волја да ја исчистат депонијата, која секојдневно ги труе тетовци.

– Последниве неколку недели, на дивата депонија која тетовското комунално претпријатие ја користи за претовар на сметот се наталожени илјадници тони отпад, кои се наоѓаат на самот десетина метри од нашите домови. Општината абер нема да го реши овој проблем – изјави жител на Тетово.

Протестот го организираше месната заедница од тетовската населба Деребој, лоцирана непосредно до дивата депонија, а добија поддршка од здружението „Еко-герила“.

– Ние само бараме Општината да го тргне отпадот кој е депониран на влезот на самиот град. Ова беше и ветување на градоначалничката Теута Арифи – изјави Аријанит Џафери, претседател на здружението „Еко-герила“.

Од Јавното комунално претпријатие Тетово велат дека деновиве интензивно работат на транспортот на ѓубрето до депонијата Дрисла.

– На станицата каде се претовара сметот се зголемени количествата ѓубре, поради неможноста во летниот период отпадот да се транспортира во текот на денот. Поради тоа има мал застој во транспортот. Деновиве ќе обезбедиме повеќе камиони и целиот смет ќе го пренесеме во скопската депонија Дрисла –  изјави Џелал Цека, директор на ЈКП Тетово.

Од Општина Тетово неколкупати ветуваа дека ќе го решат проблемот со дивата депонија со изградба на затворен објект надвор од градот, која ќе се користи за претовар на сметот. Но, од ветеното на терен досега нема ништо реализирано.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пратеници, градоначалници, фирми, граѓани – Кој колку пари донирал за кампањата на претседателските кандидати?

Некој по 500 денари, некој по 100.000 денари, а некој по 300.000 денари. Донации за кампањите за претседателските избори пристигнувале од пратеници, градоначалници, членови на партии или пак преку...