fbpx

Проект за развојот на идните младински политики

-

Тридневна национална работилница од проектот „Развој на политика за младинска работа“, во организација на Коалиција на младински организации „Сега“, се одржува во Струга.

– Преку признавањето на младинската работа, во Македонија значително ќе се придонесе за развојот на идните младински политики. Препораките ќе бидат содржани во „бела книга“ за признавање на младинската работа, која ќе биде доставена до релевантните национални институции – вели Зоран Илиески, извршен директор на Коалиција на младински организации „Сега“.

Целта на овој проект е да се овозможи активно вклучување на младите луѓе и на младинските организации преку граѓански дијалог во релевантните одлуки, со што ќе се обезбеди значајно влијание на иднината на младите луѓе со фокус на дефинирање на препораки за развој на програма за младинска работа, како и подобрување на влијанието на граѓанското општество во реформските процеси во согласност со критериумите за членство во ЕУ.

Младинската работа е еден од приоритетите во Националната стратегија за млади 2016-2025. Овој проект е поддржан и од Агенцијата за млади и спорт.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...