fbpx

Порачките и производството во преработувачката индустрија се поволни

-

Според оцената на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во октомври 2015 година е за 0,8 процентни поени зголемен во однос на претходниот месец, а во
однос на октомври 2014 година е зголемен за 7 процентни поени, објави Државниот завод за статистика.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во октомври годинава, во однос на претходниот месец, е поповолна, како и очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци, а резервите на готови производи сe намалени.

Оцената за економската состојба на деловните субјекти во октомври 2015 година е поповолна во споредба со претходниот месец, а како поповолна е оценета и во однос на истиот период лани. Истото се однесува и на оцената за бројот на вработени.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во октомври 2015 година изнесува 64 проценти од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат недостигот од квалификувана работна сила со 23,9 проценти, недоволната домашна побарувачка со 23,8 проценти, недоволната странска побарувачка со 23,7 проценти и конкурентниот увоз со 6,8 проценти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...