fbpx

Почнува судењето на Доменик Штрос-Кан

-

Поранешниот шеф на ММФ, Доменик Штрос-Кан, денеска ќе се најде пред судот во Франција, каде се товари за проституција. Тој се товари дека ги користел своите деловни контакти за да изнајмува девојки за забава во Париз, Лил и во Вашингтон.
Шеесет и петгодишниот Штрос-Кан, чија кариера е уништена поради сексуалниот скандал во САД пред четири години, призна дека присуствувал на „секс-забави“ во Лил, но рече дека не знаел оти некои од жените биле платени проститутки.
Покрај Штрос-Кан, пред судот ќе се појават уште 13 лица, кои се товарат за вршење проституција, а меѓу кои има хотелиер, полицаец, адвокат, претприемачи и еден сопственик на јавна куќа.
За време на судењето, кое ќе трае три недели, се очекува да бидат изнесени детали од таканаречената „афера Карлтон“.
Штрос-Кан во 2011 година поднесе оставка на местото шеф на ММФ откако хотелска собарка го обвини дека се обидел да ја силува. Подоцна е ослободен од обвинението во САД, но кариерата му е уништена. Тој своевремено беше министер за економија и за финансии на Франција (1997-1999) и важеше за иден кандидат на социјалистите за претседател на републиката за изборите во 2012 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пратеници, градоначалници, фирми, граѓани – Кој колку пари донирал за кампањата на претседателските кандидати?

Некој по 500 денари, некој по 100.000 денари, а некој по 300.000 денари. Донации за кампањите за претседателските избори пристигнувале од пратеници, градоначалници, членови на партии или пак преку...