This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Sat Jul 21 7:56:41 2018 / +0000 GMT

Почна 39-то Скопско лето




Со  концертот на  групата  „Дадо Дганит“ од Израел во зградата на Македонска филхармонија, вчеравечер свечено беше отворено 39. издание на  фестивалот „Скопско лето“, кој традиционално почнува на 21 јуни - Светскиот ден на музиката, но и најдолгиот ден од годината.

На свеченото отворање на овој фестивал, присуствуваше и градоначалникот Шилегов, кој официјално го прогласи за отворен.

Во своето обраќање Шилегов нагласи дека овој фестивал се издвојува од другите заради тоа што ја вади уметноста надвор од стандардните простори, на необични локации како Марков Манастир, Старата скопска чаршија, Калето, старите скопски  маала, каде што организаторите нудат извонредно богата понуда за љубителите на културниот туризам.

Скопско лето веќе 39 години на нашиот град, во летниот период, му нуди забава со низа домашни и странски, премиерни и специјални проекти и гостувања, музички, филмски, театарски, ликовни и други естетски доживувања како на скопските сцени, така  и на отворените простори.

Програмата на фестивалот може да ја видите тука.
Post date: 2018-06-22 11:36:43
Post date GMT: 2018-06-22 09:36:43
Post modified date: 2018-06-22 11:36:43
Post modified date GMT: 2018-06-22 09:36:43
Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. HTML saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com