Мицотакис: Договорот ги труе односите меѓу двете земји и двата народа

-

Договорот наместо да ги подобри, може да ги влоши односите меѓу двете земји и двата народа, изјави претседателот на грчката опозициска Нова демократија, Кирјакос Мицотакис на конференција во Солун.
Тој кусо ги претставил економските врски на Македонија и Грција, напомнувајќи дека грчкиот извоз лани достигнал 642 милиони евра, наспроти 556 милиони во 2016, а увозот е стабилен на околу 225 милиони, додека пак Грција е трета најголема земја снабдувач и трет трговски партнер на Македонија.

-Паралелно, секоја година имаме околу 3 милиони пристигнувања на туристи од кај нив. Сето ова покажува дека и покрај 25-годишното нерешено прашање во нашите билатерални односи, и покрај речиси 10-годишната економска криза во Грција, и покрај техничките и административните проблеми на царините, нашите економски односи останаа блиски. Како што во суштина останаа пријателски односите меѓу двата народa. И во никој случај не беа разнишани, иако постоеше нерешеното прашање. Но, сега се во опасност сериозно да се поткопаат со толку површниот и национално нестабилниот избор на Ципрас. Бидејќи овој договор, наместо да ги ублажи проблемите, може на крај да ги отруе односите на двата народa, оживувајќи ги страститe од други времиња – рече Мицотакис.

Тој се запрашал што ќе биде со производите со брендот и името Македонија што се произведуваат или постојат во Грција, па ги споменал „македонска алва“, „македонски мермери“, „македонска индустрија за цевки“, кои, според него, одеднаш се доведени во прашање.

– Постојат десетици компании во северна Грција, можеби стотици, кои го користат зборот Македонија или изведените зборови во нивното име или во нивните производи. Што ќе се случи со нив? Кои „мешани” комисии ќе одлучуваат за нивната иднина и кои судови ќе ги решаваат можните разлики? А во меѓувреме што ќе се случува на пазарот, кој не чека судски одлуки? И колку слабее нашиот правен арсенал кога се обраќаме до судовите за да го заштитиме брендот Македонија? Шокот за многу бизниси во Северна Грција ќе биде голем – вели Мицотакис.

Во врска со договорот, тој оценил дека е потпишан во „изолираната од полицијата Преспа и во пуст амбиент, меѓу кич настан со вратоврски и каубојски шешири“, а сите Грци го слушнале Заев како зборува за „Македонците и Грците”.

-Отстапувајќи ги националноста и јазикот, во пракса го поништува името. Затоа што, кога го отстапуваш зборот Македонец и дополнително дозволуваш, нашите соседи да тврдат дека говорат македонски јазик, тогаш не само што го легализираш, туку го зголемуваш нивниот иредентизам – рече Мицотакис и додаде дека со договорот, Грција го загубила основното дипломатско оружје – поканата за НАТО.

Франција преку свои експерти ќе помага во процесот на реформи во правосудството

Министерот за правда Игор Филков одржа средба со Амбасадорот на Франција, Н.Е.Кристоф Ле Риголер на која се разговараше за соработката меѓу двете земји во областа на правосудството, проектите и...