fbpx

Патнички воз на релација Скопје – Битола излетал од шини, нема повредени

-

Патнички воз, кој сообраќал на релација Скопје – Битола, синоќа околу 22 часот излетал од шините откако наишол и удрил во одрон од камења и од земја кои биле на самата пруга, информира МВР.

Во случајот, како што информираат оттаму, нема повредени патници, ниту возен персонал.

Насреќата се случила на делот од пругата меѓу железничките стојалишта меѓу селата Теово и Согле.

„Патнички воз со број 645, кој сообраќа на релација од Скопје кон Битола, со моторна гарнитура број 712+108, управуван од машиновозачот Ц.Т., наишол и удрил во одрон на пругата (камења и земја) на самата пруга, при што од ударот направена е материјална штета на моторната гарнитура и таа е излезена од пругите. Повредени патници и возен персонал нема“, стои во информацијата на МВР за случајот.

Патниците од страна на полициски службеници биле однесени од местото на несреќата до селото Согле, од каде со автобус на „Македонски железници“ биле пренесени до потребната дестинација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...