fbpx
Таг: одрон

таг: одрон

Дел од фасада падна на „Рекорд“, нема повредени лица

Центарот за управување со кризи (ЦУК) попладнево соопшти дека паднал дел од фасада на зграда на „Рекорд“ во центарот на Скопје. Нема повредени лица, но постои опасност да паднат и други делови од фасадата на овој објект. Станува збор за фасада од објект на ул. ,,Димитрие Чуповски” кај ,,Табако Жак Мар” – во близина на Министерство за правда. Пријавата стигнала...

Железничкиот сообраќај на пругата Велес – Гевгелија се одвива нормално

Железничкиот сообраќај Скопје - Велес - Гевгелија функционира нормално и неточни се информациите дека е во прекин, информираат од „МЖ-Инфраструктура“. „На 14 март кога имаше одрон на карпите на пругата Велес - Гевгелија, односно помеѓу станиците Велес - Згрополци, екипите веднаш излегоа на терен со целата механизација и за краток временски период во целост ја расчистија пругата од карпите. Со...

Одрон на патот Тетово – Попова Шапка, сообраќајот се одвива по една лента

Сообраќајот на патниот правец Тетово - Попова Шапка се одвива по една лента поради одрон на патот, информираат од Автомото-сојузот на Македонија. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а нa повисоките места има остатоци од кашeст снег. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци Кочани -  Македонска Каменица - Делчево, Виница -...

Одрон на патот Дебар – Струга, сообраќајот се одвива по една лента

Сообраќајот на регионалниот пат Дебар – Струга во близина на село Џепиште поради одрон на голем камен се одвива по една коловозна лента во должина од 20 метри, соопштија денеска од АМСМ и додаваат дека на самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На останатите државни патишта сообраќајот се одвива по влажни коловози, а поради маглата, видливоста на Стража,...

Земјотресот во Кина усмрти 19 лица, а 100 туристи се заробени под одрон

Најмалку 19 лица загинаа, а 247 се повредени во земјотресот со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала, што го погоди планинскиот дел на Сичуан, на југозападот на Кина, соопшти денеска провинциската влада. Властите, исто така, соопштија дека околу 100 туристи се заробени во одрон што се случил по вчерашниот земјотрес, додека кинеската државна новинска агенција „Синхуа“ јавува дека 31.500...

Голем одрон го затрупа патот кон тетовско Бањиче

Вчера попладне на патот кој води кон рекреативното место Бањиче во Тетовско, наспроти објектот на хидроцентралата на реката Пена, паднал голем одрон од земја и од камења. Според Секторот за сообраќај и патишта при Општина Тетово, одронот за неколку часа е отстранет, но оттаму апелираат овој патен правец да не се користи, освен во случај на голема потреба, затоа што...

Најмалку 24 луѓе загинаа при одрон на депонија во Етиопија

Најмалку 24 лица загинаа, а 28 се повредени во одрон на депонија што се случи денеска во предградие на главниот град на Етиопија, Адис Абеба. Градоначалникот на Адис Абеба, Дириба Куме, вели дека најверојатно бројката на жртви ќе се зголеми зашто уште околу 30 лица се водат како исчезнати. При одронот на депонијата, целосно се урнати околу 30 импровизирани живеалишта. Според проценката...

Поради одрони, затворен патот Ресен – Битола

Поради одрони, затворен за сообраќај е магистралниот пат А-3, Ресен - Битола - Прилеп, кај Битола, а возилата се пренасочуваат низ градот, информираат од Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ). Оттаму соопштуваат дека сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози. Обиколницата кај Скопје е пуштена за сообраќај во двата правци, но има делови од коловозот кои се оштетени,...

Во одрон на земјиште во Кина загинаа 31 лице

Бројот на жртвите во одронот кој затрупа работници на градилиште во кинеската провинција Фуџен се зголеми на 31 лице, додека седум луѓе се водат како исчезнати. До несреќата дошло во неделата, околу 5 часот наутро по локално време, на градилиштето во округот Таининг на југоистокот на Кина, кога 100.000 кубни метри камења и кал ги затрупаа просториите во кои спијат работници. Функционер...

Свлечиште на локалниот пат кај Крива Паланка отсече три села

Свлечиште кое настана на локалниот патен правец од Крива Паланка до селата Дурачка Река и Станци го затвори сообраќајот за околните села. Селаните велат дека вчера на локалниот пат имало помало свлечиште,  но во текот на вечерта врз патот се одронила повеќе земја. Како што објаснуваат надлежните, одронот најверојатно настанал поради големата количина вода која од врнежите дотекувала на постојниот пат...

Одрони, свлечишта и влажни коловози на повеќе патни правци

Поради свлечиште на патниот правец А3 обиколница Битола -Ресен сообраќајот е во прекин во двата правци. Како алтернатива сообраќајот се пренасочува преку Битола, информираат од АМСМ. Поради врнежите од дожд и можноста од повторно активирање на свлечиштата од превентивни причини патниот правец Кочани-Делчево останува затворен за сообраќај. Сообраќајот е пренасочен преку Виница-Смојмирово-Делчево. Сообраќајот на општинскиот пат село Долни Полог-село Облешево пред Кочанска...

Свлечиште на патот Куманово – Крива Паланка

Кај селото Страцин на патниот правец Куманово - Крива Паланка, свлечиште ја затвори едната лента од патот. Екипите на јавното претпријатие „Македонија пат“ работат на расчистување на патот и на нормализирање на сообраќајот. Авто-мото сојузот на Македонија препорачува внимателно возење и следење на поставената сообраќајна сигнализација. Претходно, АМСМ информираше дека сообраќајот е во прекин на патот Кочани – Делчево поради одрон, а како...

Патнички воз на релација Скопје – Битола излетал од шини, нема повредени

Патнички воз, кој сообраќал на релација Скопје - Битола, синоќа околу 22 часот излетал од шините откако наишол и удрил во одрон од камења и од земја кои биле на самата пруга, информира МВР. Во случајот, како што информираат оттаму, нема повредени патници, ниту возен персонал. Насреќата се случила на делот од пругата меѓу железничките стојалишта меѓу селата Теово и Согле. „Патнички...

Мјанмар: 90 загинати во одрон кај рудик

Најмалку 90 луѓе загинаа во лизгање на земјиште во близина на рудник за жад на северот на Мјанмар, соопштија властите. Се претпоставува дека починатите пред несреќата го пребарувале ридот од отпад што го направиле багерите што ги користи рударската компанија. - Досега се пронајдени 90 тела. Пронаоѓаме само трупови, а никој не знае колку луѓе имало на ова место - изјави...

Во Бразил спасени повеќе од 500 луѓе при пукање на брана

Пожарникарските екипи успеале да спасат 500 преживеани луѓе по пукање на брана на југоистокот на Бразил, каде загинаа 17 лица. Пожарникарите деноноќно беа во потрага по преживеаните кои биле затрупани под кал и земја, откако во четвртокот пукнала браната. Одронот на земјата што се случил по пукањето на браната го затрупал селото Бенто Родригес со околу 600 жители, во регионот Минас...

Железничкиот сообраќај Велес – Битола е во прекин поради одрон на пругата

Железничкиот сообраќај на пругата Велес - Битола - Велес е во прекин поради одрон на патот. Одронот се наоѓа меѓу Мартолци и Стари Град. Како што соопштуваат од МЖ „Транспорт“ АД – Скопје, прекинот ќе трае сè додека не се расчисти одронот.

Бројот на загинатите во Гватемала достигна 237

Најмалку 237 лица загинаа во близина на главниот град на Гватемала, Гватемала Сити, при одрон на земјиште што се случи минатата недела. Во местото Санта Катарина Пинула, на југоисточнот дел на Гватемала Сити, дожд предизвика лизгање на земјиштето, по што огромна маса земја, камења и дрва се сруши врз станбена населба во која беа уништени 125 куќи. Како што соопштија официјалните лица, уште...

Во Гватемела бројот на мртви при одронот на земјиште се искачи на 86

Најмалку 86 лица го загубија животот при одрон на земјиште врз повеќе куќи во близина на главниот град на Гватемала, Гватемала Сити. Се проценува дека околу 350 луѓе сè уште се водат како исчезнати и се стравува дека бројот на жртвите во несреќата може да биде многу поголем, со што оваа несреќа би била најтрагична природна катастрофа во Централна Америка...

Во одрон во Гватемала загинаа 30 луѓе, а затрупани се повеќе од 100 лица

Најмалку 30 лица загинаа, а повеќе од 600 се водат како исчезнати кога рид висок околу 100 метри се срушил во село во предградието на главниот град на Гватемала, Гватемала Сити. Членовите на семејствата пријавиле околу 100 исчезнати, но се стравува дека исчезнале и до 600 лица затоа што лавината од кал и од камења се срушила на најмалку 100...

Патот Прилеп – Ресен во прекин поради свлечиште

Поради појава на свлечиште на патниот правец А3 Прилеп – Ресен, на обиколницата на Битола, сообраќајот е повторно во прекин. Возилата се пренасочуваат низ градот Битола. На патниот правец Скопје – Велес одронот е исчистен и сообраќајот е нормализиран. Од превентивни причини, сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 500 метри, за што е поставена соодветна сообраќајна...

Укинати мерките и притворот за шестмина за упадот во М-НАВ

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство до судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд, доставило предлози за укинување на мерките за обезбедување присуство, односно мерките притвор и куќен...