fbpx

Во одрон во Гватемала загинаа 30 луѓе, а затрупани се повеќе од 100 лица

-

Најмалку 30 лица загинаа, а повеќе од 600 се водат како исчезнати кога рид висок околу 100 метри се срушил во село во предградието на главниот град на Гватемала, Гватемала Сити.

Членовите на семејствата пријавиле околу 100 исчезнати, но се стравува дека исчезнале и до 600 лица затоа што лавината од кал и од камења се срушила на најмалку 100 куќи, изјави извршниот директор на националната агенција за вонредни ситуации, Конред Алехандро Маладонадо.

Земјата се срушила во четвртокот на полноќ по локално време, а стотина спасувачи од вчера се обидуваат да најдат преживеани.

Портпаролот на волонтерската пожарникарна служба, Хулио Санчез, рекол дека 36 повредени луѓе се однесени во болниците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојуз на средношколци: Периодов да се внимава на менталното здравје на учениците

Сојузот на средношколци упатува најдлабоко сочуство до блиските на жртвите од последната трагедија, но и до сите деца, родители и граѓани. Нема достојни зборови кои можат да ја опишат...