fbpx

Партиите оставиле непокриени расходи од околу 108.000 евра за изборите во 2016 година

-

Вкупно 6.676.000 денари (околу 108.000 евра) се непокриените расходи на сите 11 политички партии кои учествувале во кампањата за предвремените парламентарни избори во 2016 година, покажала ревизијата. Најголем дел од расходите, 75,32 отсто се за платено политичко рекламирање.

Како што рече денеска на прес-конференција, Мијалче Дургутов, ревизор задолжен за информирање во Државниот завод за ревизија, вкупните приходи на партиите во кампањата биле 228.912.000 денари, а вкупните расходи 235.588.000 денари.

Согласно извештајот на ДЗР за 2017 година што го презентира Дургутов, ревидирани се 258.840.000.000 денари јавни приходи и 106.671.000.000 јавни расходи. Во делот на јавните набавки се констатирани 63 наоди кои се однесуваат на нерегуларности.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Столе Попов е добитник на наградата „Златен објектив“ за 2024 година

Столе Стојан Попов е овогодишниот добитник на наградата „Златен објектив“ која се доделува секоја година на 29 април по повод роденденот на Кинотека на Северна Македонија. Признанието „Златен објектив“ се...