fbpx

Осумдесет повредени на протестите во Приштина

-

Најмалку 56 полицајци се повредени за време на денешните протести во Приштина, а повеќе од 100 лица се приведени, соопшти директорот на полицијата на Косово, Спенд Маџуни.

– На еден полицаец му е тешко повредена главата, на друг раката. Останатите добиле повреди по телото – рече Маџуни.
Српските медиуми јавуваат дека 80 лица се повредени за време на протестите, кои ескалираа откако демонстрантите со камења почнаа да ја гаѓаат полицијата.

Припадниците на редот и мирот, со употреба на солзавец и на водени топови се обидоа да ја растурат разгневената маса.
Косовските медиуми јавуваат дека меѓу приведените е и градоначалникот на Приштина, како и потпретседател на опозициското движење „Самоопределување“, Шпенд Ахмети, кој нападнал полицаец.

Демонстрантите извикуваа „Долу Јаблановиќ, долу Србија“, „Трепча не ја даваме“, откако Владата не го исполни улитиматумот од саботниот протест за смена на Јаблановиќ. Демонстрантите бараат оставка на министерот Александар Јаблановиќ и комбинатот „Трепча“ да биде прогласен за јавно претпријатие.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...