!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Османи утре во работна посета на Париз


       
Скопје, 22 октомври, 2017 - 18:30 (META) 

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, утре ќе отпатува во работна посета на Париз, соопшти денеска неговиот кабинет.

Османи утре во Париз ќе има средби со министерката за европски прашања при Министерството за надворешни и европски работи на Франција, Натали Лоазо, потоа со Емануел Ленан, советник во кабинетот на премиерот Едуард Филип, и со Сабине Тилае, претседател на комисијата за европски прашања во Националното собрание. При крајот на посетата, предвидена е средба и со Бертранд Соре, претседател на Франко-македонската група во Националното собрание на Франција.

„Вицепремиерот Османи ќе ја искористи посетата за да им ги претстави на високите претставници на Франција напредокот во процесот на европска интеграција на земјава, имплементацијата на планот „3-6-9“, како и напредокот во отстранувањето на политичките пречки, кои ѝ стојат на Република Македонија на патот на европските и на евроатлантските интеграции“, стои во соопштението.