fbpx

Од Белград со фрески и во боите на српското знаме, тргна возот за Косовска Митровица

-

Од белградската железничка станица утринава тргна возот за Косовска Митровица, украсен со боите на српското знаме и испишан со паролите „Косово е српско“ на 21 јазик, вклучувајќи го и албанскиот.

Тоа е првиот воз што од Белград тргна за Косовска Митровица по 18 години. Станува збор за промотивно возење на пробната линија Белград – Косовска Митровца, која ќе биде воспоставена од 20 јануари до 26 февруари, по што ќе биде донесена одлука дали возот редовно ќе сообраќа.

Внатрешноста на возот е излепена со репродукции на фрески и на фотографии од српски културни и историски споменици на Косово под заштита на УНЕСКО, а патниците беа дочекани од хостеси облечени во боите на знамето на Србија.

Возот од Белград го испрати директорот на јанцеларијата на владата на Србија за Косово, Марко Ѓуриќ, кој рече дека запирањето на возот значело кршење на основните човекови права и слободи на движење.

– Секој ден повеќе од десетина автобуси на албански превозници од Косово и Метохија поминуваат низ Централна Србија и тука нема никакви проблеми. Сè друго би претставувало кршење на човековите права и јас искрено се надевам дека до тоа нема да дојде – вели Ѓуриќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...