fbpx

Напад со автомобил во Франција, три лица се повредени

-

Во францускиот град Тулуз денеска се случи напад со возило врз пешаци, но за разлика од некои инциденти во изминатите две години во Франција, овојпат не станува збор за терористички напад.

Како што јавија француските медиуми, автомобил управуван од лице со психички проблеми удрило група студенти од Кина кои излегувале од средното училиште „Сент Егзипери“ во предградието Блања.

Повредените се две 23-годишни девојки и 22-годишно момче.

Возачот, кој е на возраст од 28 години, е уапсен, а на полицијата и бил претходно познат поради проблематично однесување. Тој изјавил дека „гласови“ му кажале дека треба некого да повреди.

Во објектот на училиштето „Сент Егзипери“ се одржуваат постдипломски студии од повеќе насоки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...