This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Sat Oct 21 4:49:19 2017 / +0000 GMT

На патот кон гостиварско Куново има половина метар снег, селото е отсечено




Гостиварско Куново е отсечено од градот бидејќи на патот кој води до нивното село има 50 сантиметри снег. Жителите велат дека се обратиле до сите институции надлежни за расчистување на патиштата, но не добиле позитивен одговор.

- Дваесетина жители во ова село се целосно отсечени од Гостивар, патот е прооден само за движење пеш или со теренски возила и со синџири за снег. Покрај овие жители, во селото има и животни и некои непостојани жители на селото ги чуваат и патуваат пеш до Гоствар за да ги нахранат. Ние сме свесни дека не може сите патишта да имаат ист приоритет, на тоа се спремни и жителите, па имаат резерви од продукти, но тоа не значи нашиот пат воопшто да не се се чисти - велат од месната заедница од Куново.

Републичкиот центар за управување со кризи Тетово (РЦУК) известува дека сообраќајот се одвива во зимски услови и отежнато, особено на повисоките планински села каде е неопходна употреба на зимска опрема.

- Има одредени забелешки од граѓани кои се жалат на несоодветно исчистени патни правци од страна на „Македонија пат“ - Тетово, а особено за патниот правец од село Калник до Палчишка Река и стариот пат Желино - Групчин. По разговорот со раководителот на „Македонија пат“ - Тетово, добиена е информација дека при првата можност посочените правци повторно ќе бидат исчистени и проширени од нивна страна - велат од РЦУК  Тетово.

Оттаму додаваат дека магистралниот пат Гостивар - Стража е прооден и проширен и има фрлено сол. На кракот Маврово - Дебар, има забрана за движење за тешки товарни моторни возила.

Кружниот тек околу Мавровското Езеро е исчистен и прооден во еден правец. Се очекува машина за целосно расчистување на патниот правец околу езерото во двата правца.

За Лазарополе и за Галичник засега не е планирано чистење на патот од наносите од снег, информираат Центарот за управување со кризи.
Post date: 2017-01-11 13:46:32
Post date GMT: 2017-01-11 12:46:32
Post modified date: 2017-01-11 14:58:49
Post modified date GMT: 2017-01-11 13:58:49
Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. HTML saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com