Филипче бега од одговор за критериумите за бројот на амбулантни возила


       
Скопје, 3 декември, 2018 - 10:10 (META) 

Министерот за здравство Венко Филипче, по прес-конференцијата што се одржа во Министерството за здравство, одлучи да го избегне одговорот на прашањето на „Порталб.мк“ „зошто при набавката на 12 амбулантни возила за Итната медицинска помош користел критериум што не постои и дали ќе се откаже од изјавата“.

На прашањето „дали за набавката на 12 амбулантни возила се засновале на критериум што не постои“, Филипче одговори дека „не е точно дека не постои стандард.“

„Ќе ви ги испратам документите од организацијата која ги дефинира тие стандарди“, одговори Филипче, кој одби да го даде тој документ.

Ова е трет пат како министерот вели дека има стандард и дека ќе го документира тоа, но во документите што ги испрати, за кои тој вели дека во нив е стандардот, не се спомнува дека „за 50 илјади жители треба да има едно амбулантно возило“.

Набавката на 12 амбулантни возила за Итната помош, и распределбата на шест од нив само во Скопје, како што беше објавено во медиумите и од страна на Министерството за здравство, се заснова на критериумот дека за 50 илјади жители треба да има едно амбулантно возило.

И Министерството, но и некои медиуми ја цитираа Светската здравствена организација (СЗО), некои дури рекоа дека тоа е европски критериум, но никој не го објави јавно документот на стандардот што се наведува.