недела, 16 ноември, 2025
Meta.mk

Ознака: Итна медицинска помош | 16 резултати

Пациент нападнал доктор од Итната медицинска помош додека тој му го запирал крварењето од главата

4 декември 2020

Доктор вработен во Итната медицинска помош, завчера бил нападнат од повреден пациент во моментот додека му пружал помош. За случајот информираше и Министерството за внатрешни работи (МВР), од каде што ги преземаат неопходните мерки за овој случај. Според информациите, по добиениот повик за интевренција, екипата на Итната медицинска помош која била дежурна во пунктот во […]

Заборавените херои во борбата со ковид-19: портрети на вработените во Итната медицинска помош

7 јуни 2020

Ова е дел од тимот на Службата за итна медицинска помош во Скопје кој во саботата (06.06.2020) работеше 12 часовна смена од 7 наутро до 19 часот попладне услужувајќи огромен број граѓани на главниот град. Најголем дел од повиците беа од лица за кои се сомнева дека се заболени од ковид-19, болеста што ја предизвикува […]

Итната медицинска помош дополнително ќе се зајакне со 70 возила

11 февруари 2020

Министерот за здравство Венко Филипче, на денешниот настан по повод промоција на реновираниот вакцинален пункт во Поликлиника Ѓорче Петров изјави дека во периодот што следува дополнително ќе се зајакне и Службата за итна медицинска помош со 70 возила. „Во период што следува дополнително ќе се зајакне и Службата за итна медицинска помош со возилата коишто […]

Во пет пункта две години нема ниту едно амбулантно возило

9 јануари 2019

Итната медицинска помош (ИМП) во Македонија е служба која функционира во рамки на здравствените домови, а буџетот им се префрла од Фондот за здравствено осигурување, зависно од медицинските екипи. За една медицинска екипа, годишниот буџет достигнува вредност од 170.000 денари, што се користи за бруто плати на медицинската екипа – лекар, медицинска сестри и возач […]

Новите возила на Итната помош не се во употреба, се најавуваат нови вработувања

14 декември 2018

Дванаесетте нови амбулантни возила се уште не се примени од Министерството за здравство, и не се во употреба, а во меѓувреме министерот Венко Филипче најави и вработувања на стручен кадар во службата за Итна медицинска помош, пренесува „Порталб.мк“. „Тие возила ќе дојдат. Очекуваме и донации од Република Чешка. Постои финансиска согласност за прием на лекари […]

Министерството за здравство не кажува кој ќе ја прави физибилити студијата за Брзата помош

10 декември 2018

Министерството за здравство веќе две недели одбива да каже, кои компании ќе ја изработат физибилити анализата за изборот на моделот на функционирање на Итната медицинска помош, иако тоа беше ветено од министерот за здравство, Венко Филипче, пишува „Порталб“. На прашањето на Порталб.мк за тоа „Кои компании ќе ја спроведат физибилити анализата за Итната помош“, министерот Филипче објави […]

Филипче бега од одговор за критериумите за бројот на амбулантни возила

3 декември 2018

Министерот за здравство Венко Филипче, по прес-конференцијата што се одржа во Министерството за здравство, одлучи да го избегне одговорот на прашањето на „Порталб.мк“ „зошто при набавката на 12 амбулантни возила за Итната медицинска помош користел критериум што не постои и дали ќе се откаже од изјавата“. На прашањето „дали за набавката на 12 амбулантни возила се засновале […]

Македонија со трипати помалку тимови за Итна помош од Хрватска, а со повеќе работа

26 ноември 2018

Службата за итна помош за два милиони жители на Македонија функционира со 290 тимови, според одлука на Владата. Хрватска пак, со четири милиони жители има 914 тимови, што е над три пати повеќе, пишува Порталб.мк. За илустрација за тоа во какви услови работат екипите за Итна помош во Македонија, порталот прави споредба со Хрватска, земја […]

Итната помош е со бавни амбулантни возила кои често се расипуваат

29 октомври 2018

Поради доцнење и технички дефекти на амбулантните возила, Итната медицинска помош во Македонија е неефикасна, и наместо да нуди брза медицинска интервенција, во некои екстремни случаи и предизвикала губење на животи на граѓани, пишува „Порталб.мк“. Техничките доцнења се настанати како последица на не амортизираните возила, а пак условите за нивно одржување не се предвидени ниту […]

Охридска болница: Тврдењата на Шахпаска се лага, немаше дефект на санитетските возила

20 март 2017

Транспортот на новороденчиња, итната медицинска помош при Здравствениот дом Охрид го врши со санитетски возила кои ги исполнуваат сите светските и европски стандарди, во кои, меѓу другото, спаѓаат и приклучоци за инкубатор и друга медицинска опрема, стои во демантот на охридската болница на наводите од вчерашната прес-конференција на пратеничката во Собранието и претседател на комисијата […]

Притвореник починал на пат кон болница

25 февруари 2017

На Р.А. (1951) од Струмица, притвореник во истражниот затвор „Скопје“, вчера му се слошило по што од страна на доктор од затворот му била укажана прва помош. Потоа било повикано возило на итна медицинска помош и бил пренесен во ГОБ „8 Септември“, но по пат починал. Доктор од итна медицинска помош констатирал смрт. По наредба […]

Полицијата ги истражува случаите за двете безживотни тела пронајдени во Прилеп

26 февруари 2016

Две безживотни тела вчера попладне биле пронајдени на две различни локации во Прилеп, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, околу 16 часот, на улицата Трајко Николовски, кај гаражите на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“, бил пронајден машки леш во фаза на распаѓање. Еден час подоцна, во куќа на улицата Александар Македонски, била пронајдена почината 64-годишната Л.Ј. […]

Страна 1 од 1