!На 1 февруари 2017 година, заврши промотивниот период на слободно користење на содржините на „Мета“. Во периодот што претстои го воведуваме новиот систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително

„Метаморфозис“ организира отворени денови за сите граѓански организации


       
Скопје, 20 февруари, 2015 - 17:03 (META) 

Фонадацијата и интернет и општество „Метаморфозис“ организира отворени денови за сите граѓански организации кои се заинтересирани да добијат повеќе информации или поддршка при аплицирање за донација на платформата „Техсуп Балканс“ (Techsoup Balkans). Во нашите канцеларии можeтe да се обратите секој втор петок од 14 до 16 часот со претходна најава за присуство на следниот е-мејл: donacii@metamorphosis.org.mk.

Тимот на „Метаморфозис“ ќе Ви помогне да ги идентификувате потребите на Вашата организација и да го изберете и примените соодветниот софтверски пакет во Вашата организација.

Фондацијата „Метаморфозис“ е партнерска организација за Република Македонија на програмата за софтверски донации „Техсуп Балканс“.

На оваа програма за донации „Техсуп Балканс“, се понудени широк опсег софтверски производи за непрофитни организации и јавни библиотеки кои можете да ги добиете со само плаќање на административна такса. За набавка на софтверски решенија преку оваа платформа како и за да добивате донации, најпрвин мора да се регистрирате преку следниов линк.

Оваа донација е достапна за непрофитни организации со статус Здружение на граѓани или фондација запишани во Регистарот на здруженија и сојузи.

Откако ќе ја завршите регистрацијата (која е индивидуална), Ве молиме пополнете ја и регистрацијата за Вашата непрофитна организација или јавна библиотека на следниот линк.