!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Мајор се онесвести сред прес-конференција во Пентагон


       
Вашингтон, 11 февруари, 2016 - 10:34 (META) 

Генерал мајор на војската на САД, Џејмс Мартин Џуниор, падна во несвест за време вчерашната прес-конференцијата посветена на буџетот за фискалната 2017 година за американската авијација.

Во тек била дискусија за програмата за најновите борбени авиони „ф-35“, која досега целосно не ги оправда вложените милијади долари. Засега не се знае поради што Мартин Џуниор се онесвестил, но веднаш потоа бил изнесен од просторијата и превентивно е однесен во болница.

Конференцијата ја продолжи неговата колешка, Каролин Глисон, која нервозно се пошегува: „Тоа е тоа што „ф-35“ може да ви го направи“.