fbpx

Координацијата на парламентарните партии одложена за утре

-

Прекината е координацијата на парламентарните партии со претседателот на претходниот парламентарен состав, Трајко Вељаноски, и ќе продолжи утре, бидејќи партиите не успеаја да се договорат кој да биде претседател на Комисијата за избори и за именување.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, по седницата изјави дека досега, секогаш претседателот на оваа комиија доаѓал од редовите на партијата што има добиено најмногу мандати. Тој истакна дека ако другите партии се согласат, тие се подготвени уште утре да го предложат и да го изберат претседателот на Комисијата за избори и за именување. Димовски посочи дека доколку некој мисли насила да изгласа претседател на комисијата, ќе си ги сноси последиците. На новинарско прашање на какви последици мисли, Димовски кратко одговори: „Ќе видите во моментот“.

Пратеникот и генерален секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, рече дека тие го штитат принципот дека претседателот на оваа комисија треба да биде од редовите на партиите што имаат парламентарно мнозинство. Тој истакна дека сè уште не е разговарано дали претседателот на ова собраниско тело ќе биде од СДСМ или од ДУИ.

На денешната координација беше договорен составот на Комисијата за избори и за именување, во која ВМРО-ДПМНЕ ќе има шест члена, СДСМ – пет, а ДУИ и Беса по еден член.

На координацијата треба да се предложи и претседател на новото Собрание, а потоа поранешниот собраниски спикер Вељаноски да закаже продолжување на конститутивната седница, на која ќе биде избран претседател на Собранието од парламентарното мнозинство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...