Поради борбата со загадениот воздух, Кина оваа година може да ја надмине Јапонија во увоз на природен гас.
Кина, која е најголем увозник на нафта и јаглен, е трет најголем потрошувач на природен гас, по САД и Русија и 40 проценти од потребите за гас ги подмирува од увоз, бидејќи домашното производство не може да ја задоволи побарувачката.
Кинескиот увоз на гас минатата година надмина 67 милиони тони, што е за една четвртина повеќе од 2016 година. Кина и понатаму каска зад Јапонија, која годишно увезува околу 83,5 милиони тони гас, но кинескиот увоз на овој енерегенс во септември и ноември го надминува јапонскиот.
Според аналитичарите, Кина оваа година ќе стане поголем увозник на гас од Јапонија.
Кина минатата година покрена иницијатива со која се настојува, домаќинствата и бројните индустриски погони да ги насочи, наместо јаглен да користат гас, за да го намали загадувањето на воздухот, што предизвика голема побарувачка и увоз на гас.