fbpx

Јанева се изјасни: Нејзиниот тим ќе истражува 34 предмети

-

Специјалната обвинителка Катица Јанева и нејзиниот тим ќе работат на вкупно 34 предмети што произлегуваат од содржината на незаконското прислушување, соопштија попладнево од кабинетот на Јанева.

Меѓу предметите за кои специјалното обвинителство оценило дека се во негова надлежност е и случајот „Пуч“, кој е во судска процедура и во кој еден од обвинтите е и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Од предметите што Јанева ги доби од основните јавни обвинителства и од Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, надлежност не е воспоставена само на два предмети и тие се вратени на надлежното јавно обвинителство.

„Донесени се одлуки за надлежност за сите предмети што беа доставени до ова Јавно обвинителство од основните јавни обвинителства и од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Што се однесува до видот на одлуките, ве известуваме дека ова Јавно обвинителство воспостави стварна надлежност над 34 предмети, вклучително и на предметот познат во јавноста како „Пуч“. Врз предметите на Основното јавно обвинителство Скопје РО.бр.2362/15 и РО.бр501/15 не е воспоставена стварна надлежност и предметите се вратени на постапување на надлежното основно јавно обвинителство“, стои во соопштението на специјалното обвинителство.

Оттаму додаваат дека дополнително било утврдено дека од доставените предмети уште два се поврзани со изборни нерегуларности, со што бројот на предмети кои се однесуваат на изборни нерегуларности за кои е надлежно специјалното обвинителство сега изнесува 16 предмети.

„Она што, исто така, е значајно е дека во текот на денешниот ден од лидерот на политичката партија СДСМ ќе биде побарано доставување на материјалите од незаконски следените комуникации, а кои ги поседуваат и за кои изразија подготвеност дека ќе ги достават на наше барање“, велат од кабинетот на Јанева.

Од специјалното обвинителство информираат и дека одбраната во случајот „Ровер“, во кој еден од обвинетите е поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, доставила одредени материјали, кои сè уште се предмет на разгледување и на анализа.

Денеска, како што информираат од кабинетот на Јанева, биле примени барања за постапување и од адвокатите за случаите „Диво Насеље“ и „Шпион“.

„За постапувањето по сите овие предмети дополнително ќе ве известиме“, велат од специјалното обвинителство.

Од кабинетот на Јанева, исто така, информираат и дека на специјалното обвинителство му се доделени сите барани истражители и нивниот број изнесува вкупно 13, додека, пак, за законот за јавнообвинителска служба Јанева досега од надлежните институции не добила никаков одговор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...