fbpx

Иванов побара повеќе пари за АРМ, Шекеринска повика на брзо зачленување во НАТО

-

На воениот стадион во Градскиот парк во Скопје вечерва се одржа централната свеченост за одбележување на 25-годишнината од формирањето на Армијата на Република Македонија.

На свеченоста, која почна со плотуни од артилерско оружје, се обратија претседателот Ѓорге Иванов и министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Шефот на државата во своето обраќање забележа дека армијата се ангажирала нез негов одлука, а Шекеринска побара ангажман за остварување на визијата за зачленување во НАТО.

– Во недостиг на ресурси и време, се почесто се случува армијата без одлука на Врховниот командат и без исполнети услови за прогласување на кризна состојба да се ангажира за задачи кои се во надлежност на други институции. Повторувам, армијата се ангажира без моја одлука и без исполнети услови за прогласување на кризна состојба. Тоа е сериозна повреда на законот што нема да ја толерирам. АРМ троши свои ресурси за туѓи задачи кои се во надлежност на други институции. Мора да се затвори кругот на одговорност за тоа кој е надлежен за што, кога и како –  рече Иванов.

Тој забележувајќи што не е вклучен во донесувањето одлуки, напомена дека се потребни повеќе пари за армијата.

– Како држава постојано ја нагласуваме нашата посветеност и подготвеност да бидеме дел од НАТО. Но, ако сакаме да ги користиме привилегиите, мора да ги поднесеме и одговорностите. Членството на Македонија во НАТО подразбира и буџет на Армијата соодветен на НАТО. А тоа е минимум два отсто од буџетот на државата – рече претседателот Иванов.

Според македонскиот претседател, во наредниот период АРМ треба да се посвети на четири клучни сектори,  односно помош во кризниот менаџмент, поддршка на Министерството за внатрешни работи во борбата против евентуален урбан тероризам, борбата против илегалната миграција и тероризмот, како и сајбер одбраната.

Министерката Радмила Шекеринска истакна дека патот кон формирањето армија во изминатите 25 години бил исполнет со бројни предизвици за кои, како што рече, најголемиот дел од припадниците на АРМ го знаат многу подобро и од неа и од многу претходни и идни министри.

– Денеска АРМ рамноправно учествува во меѓународни мировни мисии и добива највисоки оценки за подготвеност. Армијата на своите плеќи ја носи одговорноста за нашата безбедност, а ризиците и на светската и домашната сцена драстично се менуваат – рече министерката за одбрана.

На 18 август 1943 година на Славеј Планина, во областа Дебарца, е формиран баталјонот „Мирче Ацев”, кој се смета за првата организирана воена формација на НОВ на Македонија. Денот на формирањето на баталјонот се смета за роденден на АРМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...