fbpx

„Хауард госпел-хор“ на „Охридско лето“

-

Членовите на атрактивниот американски хор „Хауард госпел“, синоќа, пред полното гледалиште на Антички театар, го одржаа роденденскиот концерт, по повод 55-годишнината од постоењето на фестивалот „Охридско лето“.

Со својот настап, изборот на програмата, со позитивниот однос кон публиката, градот и кон земјата, тие ја оправдаа, како што самите кажаа, „големата чест да се биде дел од 55. јубилејно издание“.

Заедно со неколкуилјадната публика, на фестивалот му ја испеаја „Happy birthday“, а концертот завшри со „O happy day“ на Едвин Хокинс. Сето тоа, за фестивалот, за публиката, но и за американскиот претседател Барак Обама, кој, исто така, вчера го славеше својот роденден.

Дел од публиката беше и амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли.

Американскиот „Хауард госпел-хор“ е првиот академски хор од ваков вид во светот. Основан е во 1968 година и е составен од сегашни и од поранешни студенти на Харвардскиот универзитет, како и од пасионирани љубители на хорската музика. На нивниот репертоар се наоѓаат композиции од современата и од традиционалната американска госпел-музика, црковни химни, црнечка духовна музика и други.

„Хауард госпел-хорот“ активно настапува во САД, Канада, Барбадос, Хрватска, Италија, Данска, Шведска, Украина и во други земји.

При гостувањата, хорот одржува и работилници и мајсторски школи, на кои учесниците се информираат за госпел-музиката, но и воопшто за вокалното пеење.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...