fbpx

Груевски: Во Брисел не прифативме ниту техничка, ниту преодна влада

-

„Во Брисел не прифативме ниту техничка влада, ниту преодна влада, ниту нешто слично, а тоа што се случуваше беа различни идеи на луѓето кои се обидуваа да ни помогнат, а кои господинот Заев ги одби од прва до последна“, изјави денеска премиерот Никола Груевски, коментирајќи ги преговорите во Брисел од 10 јуни, кои ги оцени како неуспешни, за што вината ја лоцираше кај лидерот на опозицијата, Зоран Заев.

– Јас и не дадов коментар за повеќе од предлозите бидејќи тој ги одби и јас не може да одбивам или прифаќам нешто што веќе е одбиено. На крајот, сè се сведе на еден негов предлог, кој јас го одбив. Разговорите, се надевам, ќе продолжат на еден или друг начин – рече Груевски, при денешната посета на Ресен.

Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена за избори во секое време.

– Дали СДСМ би сакал да бидат сега, односно кон крајот на јули, бидејќи законски е да се имаат минимум 45 денови за организирање избори, или ако сакаат во август, септември, ноември или во април следната година… Ние веруваме во она што го работиме и веруваме дека граѓаните тоа го почитуваат, го ценат, следат и дека повторно ќе добиеме убедливо мнозинство и поддршка од граѓаните на Република Македонија – рече Груевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...