fbpx

Грција и ЕУ ги приближија ставовите

-

Техничките преговори помеѓу Грција и нејзините европски доверители, „бриселската група“, односно поранешаната тројка (Европска комисија, Централна банка и Меѓународниот монетарен фонд), влегуваат во втора фаза оваа недела.

Дипломатски извори за новинарите во Брисел изјавија дека продолжувањето е добар знак и дека дискусиите се конструктивни, па дури и охрабрувачки.

Оваа недела на техничко ниво се подготвува претстојната Еврогрупа (19 министри за финансии на еврозоната), која ќе се состане на 11 мај.

Двете страни и понатаму се обидуваат да најдат список на реформи кој би бил прифатлив за сите. Владата на Алексис Ципрас беше избрана во јануари врз основа на ветувања дека ќе им се стави крај на структурните реформи што ја влошуваат хуманитарната криза во Грција.

Втората рунда преговори треба да заврши на 6 мај. Иако многумина сметаат дека подобрената клима помеѓу двете страни се должи на отстранувањето на контроверзниот министер за финансии на Грција, Јанис Варуфакис, од преговорите, денеска портпаролот на грчката влада, Габриел Сакеларидис, потврди дека Варуфакис ја ужива целосната поддршка на владата. Варуфакис на „Твитер“ потврди дека ќе ја води грчката делегација на следната Еврогрупа на 11 мај.

„И покрај желбите на некои, останувам министер за финансии на Грција и грчки преговарач во Еврогрупата“, напиша тој.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...