fbpx

Францускиот „Патриот акт“ веќе постои

-

Додека се множат парламентарните предлози за зајакнување на безбедносните мерки и за давање поголеми овластувања на француските безбедносни служби по масакрот во „Шарли ебдо“, експертите и медиумите во земјата потсетуваат дека лани во ноември Франција донела закон за „воена програмација“, кој овозможува прислушување и следење на комуникациите без судски налог.

Овој документ се поистоветува со антитеростичкиот закон на САД, познат како „Патриот акт“, донесен како мерка по нападите на 11 септември 2001 година.

„Закон за воена програмација“ е официјалното име на овој контроверзен текст, изгласан на 4 ноември 2014 година во францускиот парламент, два месеца пред грозоморните атентати во редакција на „Шарли ебдо“ и во еврејскиот супермаркет „Хиперкашер“ во Париз.

Законот им овозможува на службите да ги следат интернет-корисниците „во живо“, без разлика дали се на компјутер, на паметен телефон или на таблет.

Корисниците ќе можат да бидат следени од службите без судски налог и авторизација, што отвара многу прашања за можни злоупотреби. Со овој закон ќе може да се затвораат веб-страници без координација со судот, врз основа на сомневања дека го „глорифицираат тероризмот“.

Во Франција од ноември може да добиете десетгодишна затворска казна доколку сте консултирале „терористичка“ веб-страница и поседувате истовремено „опасни предмети или супстанци“.

Законот забранува државата да ја напуштат лица за кои постои „сомнеж дека планираат да учествуваат во терористички акции“.

На одредбите на овој закон жестоко реагираа членови на Комунистичката партија на Франција и членовите на Зелените.
Естер Бенбаса од редовите на еколошката партија предупреди дека одредбите се еднакви на „криминализирање намера“, што претставува сериозно прекршување на човековите права.

Комунистичката партија овој закон го нарече „француски Патриот акт“ уште во ноември минатата година.

И покрај заострените законски одредби, француските служби не успеаја да ги спречат браќат Куаши и нивниот соучесник, Амеди Кулибали, да ги организираат нападите, иако браќата биле прислушувани, а Кулибали и помладиот Куаши веќе лежеле затвор.

Дали ќе има потреба од нови уште поостри закони за борба против тероризмот во Франција, останува да се види.

По нападите и историскиот марш за слобода во неделата, досега се уапсени 54 лица во Франција поради „повикување на тероризам“. Еден од тие случаи е млад човек со ментален хендикеп, кој додека бил под дејство на алкохол, бил застанат од полицајци на кои им довикнал „Куаши требаше да убијат повеќемина од вас. Да можев ќе одев во Сирија“. Тој е осуден на шест месеци затвор.

На ниво на ЕУ, не се планира носење „европски Патриот акт“ засега, но од март ќе биде позната новата стратегија на Европската комисија за „безбедност во ЕУ“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...