fbpx

Еврогрупата даде зелено светло за исплаќање на 10,3 милијарди евра за Грција

-

По речиси 11 часа состанок, Еврогрупата заврши со договор и зелено светло за исплаќање на рата од грчкиот кредит. Европските министри за финансии договорија Грција да добие 10,3 милијарди евра кои ќе бидат исплатени во две фази и договорија насоки за намалување на грчкиот долг во три фази.

Покрај несогласувањата, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и натаму останува во финансиската програма за Грција. Грчкиот министер за финансии, Евклидис Цакалотос посочи дека ова е позитивен и важен договор за Грција.

– Имаме основа да бидеме оптимисти дека ова е почетокот на излегувањето од овој магичен круг на рецесија и мерки во кој е заглавена Грција – истакна Цакалотос.

Со позитивен тон по завршувањето на уште еден трилер за грчката економија беше и првиот човек на Еврогрупата, Јерун Дајселблум.

– Ова е важен ден за нас. Довербата во грчката влада која беше расколебана лани денес е целосно повратена – посочи Дајселблум.

Комплексниот договор покрај одлуката да се исплатат 10,3 милијарди евра за Грција содржи и одлуки за конкретни долгорочни и краткорочни мерки за одржливост на грчкиот долг. Грција ќе мора да се држи до некои договорени услови како постигнување на првичен суфицит од 3,5 проценти од бруто-домашниот производ и договорот за гарантниот механизам за кратење на финансиите на јавниот сектор како долгорочна мерка која ќе осигура дека Грција ќе се држи до договорените мерки.

Првата рата од 7,5  милијарди евра ќе биде исплатена во втората половина на јуни, а вториот дел во септември откако Грција ќе ги исполни договорените предуслови за приватизација на државните компании.

Грција за да ги добие парите и натаму ќе мора да ги спроведе сите реформи и договорени мерки. Европските министри ќе очекуваат корегирање на новите грчки закони поврзани со мерките за штедење околу прашања како непрофитните заеми, пензиските реформи и приватизацијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...