This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Sun Sep 24 19:33:47 2017 / +0000 GMT

ЕУ ќе има повеќе од 27 членки, но не пред 2019 година, порача Јункер




До крајот на мандатот на сегашната Европска комисија нема да бидат исполнети условите за влез на некоја од земјите од Западен Балкан во Европската Унија, изјави денеска претседателот на Европската комисија, во годишното излагање за состојбата на Унијата во Европскиот парламент.

- Условите за влез на некоја нова членка во ЕУ од Западен Балкан нема да може да се исполнат до крајот на сегашниот мандат на Европската комисија, 2019 година – рече Јункер, додавајќи дека апсолутен приоритет е секоја нова члена целосно да ја има воспоставено правната држава и да ги почитува темелните вредности на ЕУ.

Тој рече дека во годините што следат Европската Унија ќе има повеќе од 27 членки, но дека тука не спаѓа и Турција која, како што рече, веќе извесно време со џиновски чекори се оддалечува од ЕУ.

- Тамошните новинари мораат да ја имаат слободата на говор во редакциите, новинарите не смеат да бодат затворани – предупреди Јункер.

Тој ги повика турските власти да ги ослободат сите затворени новинари и да престанат да ги навредуваат земјите од ЕУ и нивните лидери, нарекувајќи ги фашисти и нацисти.

- Европа е континент на зрела демократија, но тие што свесно навредуваат уриваат мостови, а во Турција тие што го прават тоа сакаат да ги урнат мостовите и притоа да ја обвинат Европската Унија за неуспехот во преговорите – рече Јункер.
Post date: 2017-09-13 13:23:55
Post date GMT: 2017-09-13 11:23:55
Post modified date: 2017-09-13 13:23:55
Post modified date GMT: 2017-09-13 11:23:55
Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. HTML saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com