fbpx

Двајца загинати и опасност од цунами по силниот земјотрес во Нов Зеланд

-

Премиерот на Нов Зеланд, Џон Ки, соопшти дека најмалку две лица загинале при силниот земјотрес  со магнитутда од 7,8 степени според Рихтерова скала што ја погоди земјата.

Службите за цивилна одбрана им наредиле на жителите на источниот брег на земјата да се преместат во областите кои се наоѓаат на поголема надморска височина поради опасност од цунами.

„Се очекуваат нови цунами-бранови, кои би можеле да бидат поголеми и поопасни“, стои во соопштението на министерството за справување со кризни ситуации.

Сеизмологот Ана Кајсер за новозеландското радио „Џи-ен-ен сајнс“ изјави дека морското ниво е подигнато за еден метар во регионот Северен Кантербери, на Јужниот Остров.

– Тоа е значителен пораст и луѓето треба сериозно да ги сфатат предупредувањата – рече Кајзер.

Новозеландското министерство за цивилна одбрана и за справување со криза соопшти дека може да се очекуваат бранови со височина од 3,5 метри.

Потресот во Крајстчерч предизвика помала материјална штета во главниот град Велингтон, кој се наоѓа на повеќе од 200 километри оддалеченост од епицентарот.

Во истата област бил и епицентарот на земјотресот со магнитуда од 6,3 степени во февруари 2011 година при што загинаа 185 лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...