fbpx

Донирана медицинска опрема во Струга

-

Струга е еден од петте градови во Македонија со донација од софистицирана медицинска опрема, наменета за детските здравствени установи. Апаратите се наменети за Општата болница во Струга, што е дополнителна поволност за најмладите бидејќи отсега не мора да патуваат за Скопје, како досега, за да го направат соодветниот преглед.

Стопанска банка ја донираше опремата во рамките на одбележувањето на 70-годишнината од постоењето, манифестирајќи ја на тој начин својата општествена одговорност.

– Во динамичното секојдневие, во кое главен приоритет на компаниите е да се постигнат квантифицирани цели, не смееме да заборавиме дека мисијата на компаниите не е само порастот, успехот и профитабилноста, туку и да бидат општествено одговорни и да му возвратат на општеството за постигнувањата особено со поддршка на сограѓаните на кои најмногу им е потребна помош. Стопанска банка АД – Скопје останува лидер не само во банкарскиот сектор, туку и во општествената одговорност, активност со која посебно се гордееме – вели Диомидис Николетопулос, генерален извршен директор и претседател на УО на СБ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...