fbpx

Утре конечно договор за изборните закони?

-

Политичките партии и вчера не постигнаа напредок околу прашањата поврзани со изборните закони. По средбите на белгискиот олеснувач Питер ван Хојте со претставници на политичките партии, меѓу кои и со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев, немало приближување на ставовите, дознава „Мета“. Поради тоа Ван Хојте им дал уште еден ден рок да направат напори и конечно да се постигне договор.

Дознаваме дека утре новиот прочистен од забелешките на политичките партии изборен закон подготвен од експерти од ЕУ ќе се најде на маса на работните групи. Тие ќе треба да го дадат последниот збор, по што би требало тој да биде аминуван од политичките партии потписнички на Договорот од Пржино.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...